Триесет и двегодишна скопјанка вчера била нападната од непознат маж додека се движела со велосипед по патот кон село Радуша.
Како што информира денеска МВР, Л.Т. (32) била пресретната од разбојникот кој ја турнал на земја и почнал да ја удира со тупаници во пределот на главата.
Се обидел да ја соблече, но откако не успеал во тоа и го одзел мобилниот телефон и побегнал.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот