Трагедија: Детенце (3) се удави барајќи ја играчката во канта


Тригодишно дете настрада додека си играше во дворот.

Во Чепин кај Осјек шок и тага. Во средата околу 18 часот Леон Салај, барајќи ја својата играчка сакал да провери дали е во кантата во која фрлале хартија.gg1_1051397s1-48046

Детето пред кантата го ставило својот пластилен трактор на кој се качило и тогаш најверојатно изгубило рамнотежа и паднало во кантата која била полна со вода.

Пред месец дена мајката на детето се породила со второто дете, а таткото кој пред трагедијата бил во дворот заедно со бабата и дедото на детето на минутка влегол во куќата да провери како му е сопругата. Трагедиајта се случила токму во тој момент.

Кога сфатиле што се случило се обиделе да го реанимираат детето, но не успеале, велат соседите. Никој од семејството не можел да каже ниту збор, сите биле длабоко шокирани од несреќниот случај.

додека не се направи обдукција и истражат сите детали полициајта нема да ја коментира трагедијата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1