Нападнати чичко и внук во Аеродром


Рано утрово во 03.30 часот, Н.Б. (33) од с.Негорци, гевгелиско, пријавил дека навчера околу 23.30 часот на бул. „Јане Сандански“ во Скопје заедно со неговиот чичко К.Б. (53) и неговиот брат Г.Б. (56), двајцата од с.Негорци, физички биле нападнати од седум-осум непознати лица.

Според пријавеното, напаѓачите ги удирале со тврди предмети , боксови и клоци во пределот на телото и главата, со што им нанеле видливи повреди.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1