Нападнато седиштето на Мајкрософт во Атина


 

Нападната канцеларијата на Мајкрософт во Атина. Непознати лица влегле во зградата со Комбе од кое фрлиле експлозивна направа и избегале од местото.

За сега нема информации дали има повредени при нападот на седиштето на оваа американска компанија во Атина.
Според првичните информации три лица биле во комбето. Излегле од возилото со вперени пушки и ги присилиле припадниците на обезбедувањето да излезат надвор, а потоа со визилото се залетале кон влезот и ја искршиле вратата.

Откако возилото било во просториите го запалиле при што се активирала и експлозивна направа.

Полицијата востановила дека се работи за комбинација на боца за кампување полна со бутан и канта со бензин. Во комбето имало 3 канти со гас, 5 со бензин. Комбето е целосно уништено во екслозијата.

Голема штета претрпеле и просториите на Мајкрософт. Според противпожарната бригада штетата се проценува на околу 60.000 евра.

Мајкрософт ќе ја затвори канцеларијата додека не се санира штетата.

,, Веќе им е кажано на вработените да не доаѓаат на работа денеска и утре,, изјави протпаролот на компанијата Лиа Комниноу за Скај ТВ.

Полицијата врши увид, се земаат примероци од изгореното возило кое сеуште се наоѓа пред зградата на Мајкрософт.

Засега никој не ја превзел одговорноста за нападот.

Tags: , , , , ,

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1