Тепачка меѓу грци и срби на Закинтос – 2 грци во болница


5 момчиња од Београд, Србија се приведени по масовна тепачка во кафуле на островот Закинтос, Грција. Двајца грци завршиле во болница, а семејствата на повредените веќе поднеле пријава.

Во кафуле во Лаганос на островот Закинтос настанала масовна тепачка меѓу група млади туристи од србија и локални момчиња, грци. Грчката полиција реагирала и привела 5 београѓани, јавува српски Танјуг.

,, Не знам колку лица биле вмешани, се што знаеме е дека двајца грци завршиле во болница,, изјавил за Танјуг Владимир Мојсиќ од агенцијата Еуротурист. Агенција преку која србите отпатувале на летување на Закинтос.

Семејствата на повредените грци веќе поднеле пријава до полицијата.

Лаганос е место каде често се случуваат инциденти. Минатата година британец беше прободен и усмртен во тепачка пред ниќен бар.

Во тепачката беа повредени 4 негови пријатели, британци.  18 годишниот Robert Sebbage, бил прободен од таксист по тепачка која избила меќу таксистите кој стоеле пред барот и момчињата туристи.

Tags: , , , , , , , , ,

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1