Напаѓачот на главната железничка станица во Дизелдорф, кој со секира повреди девет лица е Албанец од Косово, јави дописникот на МИА.
Станува збор за Фатмир Х.(36), кој пред истражителите рекол дека делувал самостојно, верувајќи дека за време на интервенцијата ќе биде убиен од полицијата.
Тој претходно работел како полицаец, но полицијата не ја отфрла можноста тој да има „терористичко минато“.
При претрес во станот во кој живеел, била пронајдена лекарска потврда дека боледува од „параноична шизофренија“, како и медикаменти за оваа болест.
Косовецот, според порталот Албеу, имал дозвола за престој од 2009 година и живеел воградот Вупертал.
По дадената медицинска помош и санирање на повредите со кои се здобил при скок од мост пренесен е во психијатриска
болница, поради опасност да изврши самоубиство.
Од деветмината поврдени, тројца од нив имале повреди на главата, бидејќи биле нападнати од зад грб. Меѓу повредените има и тринаесетгодишно дете.