Куќа од соништата во природа со 372 квадратни метри во американската држава Индијана можете да ја купите за само 199 долари. Единствен услов кој сопственикот на оваа куќа го поставува, е есејот во кој во 200 зборови треба да напишете “зошто токму вие би биле најдобриот сопственик на таа куќа која има 14 спални соби, камин и поглед на реката Охајо“.
За есејот треба да уплатите 199 долари, а натпреварот се затвора кога ќе стасаат 2.000 есеи. Значи, семејството кое на крајот ја продава куќата ќе добие 398.000 долари.
Стручното жири ќе го одбере најдобриот есеј (главен критериум се креативноста и граматиката) така што новиот сопственик ќе добие куќа за само 199 долари.
Сите останати, меѓутоа, ќе останат без исто толку пари, а сопствениците за куќата ќе добијат речиси 400.000 долари.