Почна сезоната на комарци – за да куртулите од нив не ви требаат скапи препарати кои се и штетни за вашето здравје. Еве како да си направите дома сами – евтина а ефикасна стапица за комарци.
Потребно
1 чаша вода – 200 ml
1/4 чаша кафеав шеќер 50 gr
1 грам квасец
1 до 2-литарско пластично шише
1. Исечете го пластично шише на половина.
2. Се меша кафеавиот шеќер со топла вода. Нека се излади. Кога е оладено, се става во долниот дел на шишето.
3. Додадете квасец. Нема потреба да се меша. Тоа создава јаглерод диоксид, кој ги привлекува комарците.
4. Горниот дел од инката, наопаку ставете ја во другата половина од шишето, може да ја зацврстите со леплива трака.
5. Залепете го шишето со нешто црно бидејќи црната боја ги привлекува комарците, оставете го врвот откриен, и ставете ја надвор во област каде не престојуват луѓе често пример на балконите или на краевите од дворовите
Менувајте го растворот на секои 2 недели за поголем ефект.