Направете сами сапун од маслиново масло


Ароматичен сапун за раце можете и сами да направите. Се што ви е потребно е само маслиново масло и остаток од вашиот стар сапун. Многу е пријатен за кожа, а рацете ќе ви бидат миризливи, мазни и нежни.

sapun maslinovo masloПотребни состојки:

1/2 кг остаток од истрошено парче сапун,

2 лажички дестилирана вода,

1 лажичка глицерин,

пола лажичка етерично масло од цимет и масло од сладок портокал

маслиново масло по желба

Подготовка:

Иситнете го сапунот, ставете го во голем сад, додадете ја водата, глицеринот, етеричните масла и добро промешајте. Додадете маслиново масло, но не претерувајте со количината за да нема јак мирис. Садот покријте го со чиста кујнска крпа и оставете да отстои десетина минути, додека не омекне за да можете да го обликувате.

Колку е сапунот постар, толку побрзо ќе омекне.

Потоа смесата обликувајте ја по желба, а најлесно е да правите топчиња. Кога ќе завршите, наредете ги на хартија за печење и оставете ги да отстојат ден или два за целосно да се стврднат.

Напомена – ако во смесата ставите и сушени растенија , на пример рузмарин ќе добиете сапун за пилинг на лице

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1