Направете си сами Бонжита дома


Потребни состојки:

  • ½ чаша ореви
  • ½ чаша бадеми
  • 4 лажици чиа
  • 4 лажици ленено семе (мелено)
  • 3 лажици семки од тиква (покиснати 10 минути)
  • 4 лажици брусница (покиснати 10 минути)
  • 4 лажици суви кајсии (исецкани и покиснати 10 минути)
  • 4 лажици агавин сируп (или мед)

domasna bonzitaСтавете ги оревите и бадемите во мултипрактик и мелете додека да ги раздробите на мали парчиња, но да не бидат целосно сомелени туку да имаат и парченца кои ќе им дадат посебна текстура на плочките. Потоа додадете го чиа семето, меленото ленено семе и семките од тиква, и блендирајте уште неколку секунди, при тоа оставајќи и покрупни парчиња од семките.

Вака сомелените јатки и семки претурете ги во подлабок сад, и додадете ги брусницата и сувите кајсии.

Потоа прелијте го агавиниот сируп или медот и мешајте убаво, за сите состојки да попримат од засладувачот, и да почнат да се лепат едни со други. Одземете или додадете од засладувачот според личниот вкус и посакуваната текстура.

За крај, смесата ставете ја во соодветен сад (кој може, но немора, да е обложен со проѕирна фолија, за да можете потоа полесно да ги одделите плочките). Расплескајте ја подеднакво, и притиснете ја одозгора со лажица, за да се набијат убаво состојките и да се соединат со помош на засладувачот.

Ставете го садот да отстои во фрижидер саат-два, а потоа пресечете си форми по желба, и уживајте!

* доволно за 8 плочки, се припрема за 20 минути, може да стои во фрижидер неколку дена.

surovoivkusno.com

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1