Направија електронски џоинт – електронската цигара со марихуана чини 10 евра (Видео)


По електронските цигари дојде и електронски џоинт – го измислија каде на друго место ако не во Холандија.

elektronskа marihuanaХоландската компанија Е-Njoint Б.В. го разви и произведе првиот електронски џоинт во светот.

Тоа е еднократен производ наменет за забави, клубови. Во моментов се произведуваат по 10.000 еднократни електронски џоинти на ден што може да се купат во киосците низ Холандија и во трафиките, а наскоро ќе се продаваат и во останатиот дел на Европа.

e-Njoint е целосно легален, бидејќи не содржи психоактивна супстанца ТХЦ, ниту тутун, ниту никотин. Се продава за цена од 10 евра и го има во шест различни овошни вкусови.

Компанијата Е-Njoint Б.В. планира да произведе и во иднина и да направи електронски џоинт кој пушачите ќе можат да го полнат со вистински течен канабис.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1