Направил куќа која чини само 180 евра! (Видео)


Изградбата на куќа во селото Дедингтон во Англија, Мајкл Бак го чинело само 180 евра!

Имено, во изградбата тој користел само природни материјали, а и животот во неа е соосема природен- во куќата нема струја и вода, па и месечните сметки се многу ниски.kuka-1-650x396

За изградба на куќата на Мајкл му требале осум месеци, а за изградба на ѕидовите и подот користел кал, трски и слама. Куќата е нешто поголема од 30 квадрати,  а за прозорци се искористени ветробрански стакла од стари камиони.

Многумина мислат дека во куќата е ладно, но мешавината од материјални кои се користени се одлична изолација, што Бак дополнително ја засилил со овча волна на покривот.

Куќата внатре се грее на печка на дрва, осветлена е со свеќи и фенери, додека тоалетот е одвоен од објектот.

„Сакав да докажам дека куќите не мора да бидат скапи. Живееме во општество во кое цел живот отплаќаме хипотеки, рекол Бак.

Тој ја издал куќата на потстанар, кој кирија му плаќа со „свежо“ млеко.

Како течела изградбата на куќатаа погледнете во видеото:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1