Направите си сами Буковец


Состојки

  • 1/2 китка нане (сушено )
  • 100 гр сол
  • 15 големи суви пиперки
  • 1/2 китка ноктец ( тревка која ја има по ливадите )

Подготовка

bukovec1

Во рерната ги ставаме пиперките да се потпечат.
Ги вадиме и ги ставаме во ваган.
Го додаваме изронетото суво нане и ноктецот.
Ја додаваме солта.
Толчиме со толчникот убаво смесата да се соедини.
Значи пиперките се толчат заедно со семките.
Измешаната смеса е готовиот домашен буковец.
Има прекрасен мирис од нането и ноктецот.
Во мојот дом се користи постојано како додаток на ручекот, како зачин за скара…
Моите знаат да си макнат од зачинот и кога имам тополм штотуку печен леб.
Не напоменав дека во зависност од вкусот може да си додадете и лута пиперка , или пак помалку сол , ако на некого му е премногу солено.
Ноктецот го има и на пазар, а ако го берете тогаш треба да се наберат само цветовите и да се исушат. Потоа така суви се подготвени за подготовка на зачинот.
Пробајте па кажете.
На здравје

Мои Рецепти  
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1