Посвоила “дете” – арно ама детето има 32 години


Потресна приказна доаѓа од САД, каде што една Американка и нејзиниот некогашен “син” одлучија да ја официјализираат својата семејна врска.

Лиза Гадболд од Сан Диего кон средината на осумдесеттите години видела слатко детенце во сиропиталиштето во Сакраменто, па таа и нејзиниот маж одлучиле да го посвојат.

32 god dete posvoeno“Веќе имавме два сина, а тогаш врските помеѓу луѓето од различните раси не беа толку “популарни”. Ми помогна тоа што малиот Морис беше од расно мешовита врска и управата на сиропиталиштето ни го даде на пробен период. Тогаш бевме неговото згрижувачко семејство и тоа беше најсреќниот период од нашиот живот”, изјавува Лиза за “CNN”.

Детето за кратко време се зближило со двата биолошки синови на парот и семејството функционирало одлично се до едно недоразбирање со агенцијата за посвојување и социјалните работници.

“Не смеете да го тепате детето во згрижувачкото семејство, а сите три момчиња беа немирни. Неколку пати доби ќотек по задникот, но за тоа дозна социјалната служба и ни го одзема”, се потсетува Гадболд.

Морис оттогаш променил неколку згрижувачки семејства и го изгубил контактот со Гадболд. Пред шест години, тој се поврзал со Лиза преку социјалните мрежи и тие сфатиле дека семејната врска и љубовта и понатаму постојат.

Гадболд ја започнала постапката за посвојување на своето “дете”, кое што сега има 32 години. “Тој е мојот син и сакам целиот свет да го знае тоа”, гордо вели идната мајка на Морис.

За забава

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1