Поевтинуваат горивата – Дизелот за 2, безнинот за половина денар


Бензините поевтинуваат за половина денар, дизелот за два денари по литар. Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите малопродажни цени на нафтените деривати. Со тоа цената на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78 денари, а литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се точи за 79,50 денари.

benzin3Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2 денари по литари ќе се продава за 66 денари додека малопродажната цена на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит и со тоа цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 55,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,731 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 10.03.2014 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 40,195 ден/кг.

Со оваа Одлука се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,29 %, односно за 1,93 % во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија од 10.03.2014 година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1