Нарачајте си хакерски напад – наплаќаат од 30 до 5.000 евра на час


Од интернет денес може да се нарача сè, па дури и хакерски напад. Во зависност од видот, должината и сериозноста на нападот, за оваа услуга треба да се издвојат од 30 до 5.000 евра на час, пишува српскиот портал „24 сата“.

На црниот пазар за педесетина евра може да се нарача напад или друго хакирање, како што се вадење бази на податоци, шифри, сисок со корисници и слично.

– Тоа често е работа од 10 до 20 минути, а ова е само почетна цена. За попрофесионални страници, со посериозна заштита, цената драстично се зголемува – вели Јован Шикања, уредник на порталот „Е-сигурност.нет“.

Уривањето веб-стрраници стана составен дел на политичките и другите видови пресметки на интернет. Kако што дознава „24 сата“, за напад на страница со просечно обезбедување и посетеност, кој треба да трае околу еден час, треба да се издвојат 50 долари. За една недела цените се движат од 400 до 600 долари.

– За провалување во сериозни веб-страници, со голема посета и силна заштита, хакерите земаат и по 5.000 евра на час. Овие напади не влијаат само на функционирањето на целата страница, туку и на голем број други портали. За онеспособување една таква страница на неколку часа потребни се повеќе од 20.000 евра. Интересно е што хакерите честопати нудат попусти за големи и постојани „купувачи“ – вели за „24 сата“ добро информиран извор.

haker

Хакерските напади на сајтовите на медиумите и на државните органи обично се изведуваат така што во исто време се испраќаат илјадници барања за прикажување некоја презентација и на тој начин привремено или на подолго време се онеспособува сервисот.

– Страниците на неки наши министерства користат застарени платформи. Не морате да сте хакер за да ги онеспособите, туку на „Гугл“ може многу лесно да најдете упатство за тоа – вели Шикања.

Големите компании почнаа да ги ценат стручњаците што можат да ги заштитат и одбранат од хакерски напади. Човек со вакви знаења и вештини во Србија може да заработи околу 2.000 евра месечно, што е неколкупати повисока плата од просечната. Во западноевропските земји и во САД, пак, човек што ја работи оваа работа во голема компанија може годишно да инкасира од 188.000 до два милиона долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1