Според народните верувања, каков ќе биде денот на Воведение на Пресвета Богородица таква ќе биде и наредната година.
Старите кажуваат: „Ако на Воведение паѓа дожд – наредната година ќе биде родна. Ако дува силен ветер – ќе биде неродна. Ако времето биде сончево и убаво – таква ќе биде и следната година“.
Според тоа нас не очекува сончева и убава 2016 година.
Воведение е празникот посветен на денот кога Пресвета Дева Марија наполни три години од раѓањето, нејзините свети родители Јоаким и Ана ја доведоа од Назарет во Ерусалим, за да ја предадат, според своето ветување, на служба на Бога.