Народни верувања за парите – ако сте суеверни ова е добро да го знаете


Постојано си без пари, а кога ќе ги добиеш никако да ги задржиш.. Само проблеми со парите! Но, имаме неколку совети за вас. Народот ги измисли, ние ви ги пренесуваме:

pari evra 1-За да ги задржиш заработените пари во твојата куќа, потребно е оној ден кога ќе ја добиеш платата да не потрошиш ниту еден денар.

-Целата плата мора да преноќи дома!

-Животните мудрости советуваат дека крупните банкноти треба да се сочуваат година дена, со што ќе се наполнат со вашата енергија и ќе привлекуваат уште повеќе пари.

-Нема да имаш пари ако свиркаш во собата и ги чистиш трошките со раце.

-За да имаш пари метлата треба да ја поставиш со рачката надолу.

-Зголемување на платата треба да бараш во среда.

-Џебовите на облеката што е вон сезона и сте ја оставиле во гардеробот, треба да ги наполните со ситни парички.

-Паричникот никогаш не се држи празен, во него треба да има барем ситни парички.

-Парите заработени со коцкање или игри на среќа, заработени нечесно или пронајдени – не носат среќа. Затоа не треба да се држат во паричникот, туку треба брзо да се потрошат или споделат пријателите и сиромашните.

Фактор.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1