Народот на нозе ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА- денеска протести во дури 31 град!


Поддршката за Граѓанската иницјатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА станува се’ помасовна и од ден на ден се шири во се’ поголем број на градови.ohrid-640x323

Денеска протести за зачувување на унитарноста на Македонија и целосно отфрлање на Тиранската платформа која ќе значи редефинирање и федерализација на Македонија ќе се одржат во дури 31 град низ цела држава.

Од Граѓанската иницијатива вчера истакнаа дека стотина илјади граѓани во текот на минатата недела масовно излегоа на улиците да ја поддржат иницијативата и изразија голема благодарност за тоа.

-Tоа е огромна доверба кон она за што ние се бориме, она што го застапуваме, но и обврска да продолжиме уште посилно во наредниот период, по енергично, по одлучно кон остварување на нашите цели. Им се обраќаме на политичките партии да не се обедуваат одредени политички елити кои ја прифатија Тиранската платформа повторно да ја вратат на мала врата, односно да го изманипулираат народот за да си ја остварат својата цел, рече вчера Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива.

-Започнува третата недела од маршевите За заедничка Македонија. Не’ има најмногу до сега. Дури 31 град ќе излезе на улица за да прати порака дека граѓаните сакаат мултиетничка, а не двојазична и бинационална држава. Дека сакаат да живеат во држава во која владеат почитта и толеранцијата, а не теснополитичките сплектарења кои Македонија ја водат на патот кон кантонизација и федерализација. Дека мнозинството граѓани на Република Македонија не прифаќаат мешање на соседни држави и платформи кои ја рушат унитарноста на земјата, и не прифаќаат дебата за името, знамето, химната, грбот, јазикот. Ова се прашања кои не заслужуваат дебата, но мора да имаат одговор, објавија пред малку на ФБ профилот на Граѓанската иницијатива.

И, еве го одговорот, денес низ целата држава, одговорот дека сакаме Заедничка Македонија.

1. Скопје – 17 часот
2. Прилеп – 18 часот
3. Струмица – 18 часот
4. Неготино – 17 часот
5. Радовиш – 17 часот
6. Кавадарци – 17 часот
7. Валандово – 18 часот
8. Гевгелија – 18 часот
9. Ново Село – 17 часот
10. Босилово – 18 часот
11. Василево – 18 часот
12. Битола – 18 часот
13. Кичево – 18 часот
14. Охрид – 17 часот
15. Крушево – 17 часот
16. Ресен – 18.30 часот
17. Демир Хисар – 17 часот
18. Куманово – 18 часот
19. Македонски Брод – 18 часот
20. Свети Николе – 18 часот
21. Берово – 17 часот
22. Пробиштип – 18 часот
23. Велес – 17 часот
24. Кратово – 17 часот
25. Виница – 18 часот
26. Македонска Каменица – 17 часот
27. Штип – 18 часот
28. Крива Паланка – 18 часот
29. Делчево – 17.30 часот
30. Кочани – 17 часот
31. Пехчево – 17 часот

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1