Пред неколку денови, НАСА собрала научници, историчари, филозофи и теолози од целиот свет на дводневен симпозиум наречен „Подготовка за откритие“
Единствената задача на овој собир била да се изработи стратегија за подготвување на јавност за средба со вонземски живот, независно од тоа дали станува збор за некакви микроорганизми или за интелигентни суштества.
– Идејата е јавноста да се запознае со можни последици, објаснил астрономот и поранешен шеф на историчарите на НАСА Стивен Дик.
Тој бил и еден од организаторите на собирот.
– Најверојатно ќе пронајдеме некаков вид на микроорганизам, а потоа и интелигентна форма на живот, кажал Дик додавајќи дека постојат големи шанси тоа да се случи во скора иднина.
Со помош на фотографиите што ги снимил вселенскиот телескоп Хабл, научниците откриле 10.000 галаксии, а благодарение на вселенското летало „кеплер“ биле идентификувани над 1.400 планети слични на Земјата.









