НАСА предупредува дека вулкани ја цепат Африка на два дела


Вулканите во Африка го цепат континентот на два дела и ја отвараат капијата на пеколот во Етиопија, открија сателитските снимки на НАСА.

Се верува дека трите тектонски полочи полека се одвојуваат една од друга, отварајќи дупки од каде излегува големо количество на магма. Најзначајната пукнатина се појави во близина на вулканот Ерта Але – кој кај локалното население е познат како „Капија на пеколот“.

Оваа локација е дел од Данакил депресијата во Етиопија и се наоѓа на само 613 метри над висината на морето. Ерта Але е еден од најпознатие вулкани кои имаа езера со истопена лава.

Се наоѓа на местото каде трите плочи полека се раздвојуваат речиси неприметливо секоја година, додека контитентите Африка и Азија се оддалечуваат еден од друг.

Лавата, која е сега изложена поради пукнатините, емитува темперартура и до 1.100 степени Целзиусови. Земската опсерваторија наведува: „Во африкансакта депресија Даналил (или Афтар) три тектонски плочи се раздвојуваат на вознемирувачки начин“.

„Како што се раздвоиле плочите, неколку активни вулкани се појавија долж пукнатините. Еден од најактивните е Ерта Але, вулкан во близина на границата на Етиопија и Еритреја“.

„Ерта Але има долговечно езеро лава кое со децении жуборкаше и прскаше во својата калдера, но најновиот налет на активности ја вклучува југоисточната страна на планината со блага косина“.

Поради фактот дека има езера со лава, се формирал штит во облик на вулкан.

Штит вулканот всушност е низок вулкан со благи косини, Тие се формираат кога ерупцијата на лава ќе потечат по страните и ќе се стврднат – често предизвикани од растопените езера.

Ерупциите често се вообичаени, но главно се прилично благи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1