НАСА предупредува – Со Сонцето се случува нешто чудно (Видео)


Научниците од НАСА кажуваат дека оваа година би требало да биде година на ‘соларниот максимум’, односно врвот на 11 годишниот циклус на соларната активност. Меѓутоа, веќе е март, а соларната активност е релативно ниска. Бројот на сончеви пеги е далеку под нивото од 2011 година, а и соларните факели се ретки.

sonceДан Песнел од центарот за вселенски летови “Goddard” смета дека ова затишје е само припрема за новиот врв на активноста. Вели дека ова е соларниот максимум, ама изгледа поразлично затоа што има дупли врв. Вообичаено е соларната активност да расте и паѓа во 11 годишен ритам. Но, тие циклуси не се совршени, па промените можат да траат помеѓу 10 и 13 години.

На сликата од страната на Сонцето која е свртена кон Земјата, снимена на 28 февруари, се гледаат само неколку сончеви пеги, иако е вообичаено во врвот на активноста таа страна да биде многу повеќе активна.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1