Во минатото соларните ветрови биле многу чести, а токму поради тоа, Марс забрзано ја изгубил атмосферата. Научниците објаснија дека тоа не било случај со Земјата поради силното магнетно поле кое ја штити нашата планета од штетните влијанија кои што доаѓаат од вселената.
Тие тврдат дека Марс некогаш бил прекриен со големи водени површини, но количината на вода се намалувала паралелно со разредувањето на атмосферата.
Мисијата MAVEN (Mars Atmosphere and Volatile Evolution) која се занимава со итражување на горните делови од атмосферата на Марс, јоносферата и магнетосферата, идентификувала, имено, процес кој се чини дека ја одиграл клучната улога во претворувањето на климата на Марс од првобитно топлата и сува клима која била погодна за создавање на живот, до студена и сушна каква што е денес.
Податоците до кои што дојде MAVEN им овозможи на научниците да ја одредат брзината со која атмосферата на Марс го губи гасот поради соларниот ветер. Откритијата покажуваат дека ерозијата на атмосферата на Марс значително се зголемува за време на соларните олуји.
„На Марс се чини дека имало густа атмосфера доволно топла за поддршка на вода во течна состојба која е клучен темел за животот каков што го познаваме денес. Разбирањето на тоа што се случило на Марс ќе го унапреди нашето знаење за еволуцијата на било која планетарна атмосфера“, изјави Џон Грунсфелд, астронаут и соработник администратор во НАСА.
„Забележавме дека ерозијата на атмосферата се зголемува за време на соларните олуји, па мислиме дека нивото на нејзиното губење било многу поголемо пред повеќе милијарди години кога Сонцето било помладо и многу повеќе активно од сега“, изјави Брус Јакоски, главниот истражувач на MAVEN при Универзитетот во Колорадо.