Насадил нива со марихуана – му требало за магистерска


СВР  Куманово поднесе кривична пријава против П.М.(43) од Скопје осомничен дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.marijuana-500

Пријавениот, соопшти денеска МВР, наводно заради изработка на магистерски труд на Замјоделски факултет Скопје доставил повеќе барања до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кои се однесувале за впишување во регистерот за семе и саден материјал на коноп од сортата „Хелена“- Cannabis Sativa L (добиена од сорта на индустриско растение запишано во национална сортна листа „Новосадско Конопље“), како и согласност за отпочнување на проект и дозвола за произвотство на коноп. Од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на сега пријавениот му се доставени одговори дека треба да биде запишан во регистерот на снабдувачи на семенски материјали, како и дека сортата „Хелена“ да биде запишана во Национална сортна листа и оти Министерството нема надлежност за давање согласност за користење на увезено семе за лична употреба.

Известување и барање за дозвола за отпочнување на производство на коноп доставил и до Министерство за здравство за кое добил одговор дека во Република Македонија, како членка на Обединетите нации, е забрането производството на Канабис во сите форми и вариетети.marihuana

Покрај известувањата кои ги добил од двете министерства, стои во соопштението, пријавениот во текот на 2016 година, од Нови Сад, Србија набавил два килограми семенски материјал Канабис. Дел од семенскиот материјал го засадил и одгледувал на земјиште лоцирано во местото „Врбица“ село Железница, кратовско каде неовластено произведувал вкупно 1897 растенија додека останатиот семенски материјал од растителен род Канабис со нето маса од 1980,6 грама го чувал заради понатамошно дополнително производство.

Во текот на вчерашниот ден (26.06) по претходно обезбедена наредба за претрес од страна на СВР Куманово, во содејство со полициски службеници од Одделот за криминалистичко тешнички испитувања и вештачења при МВР, извршен е претрес на објект и на нива на погоренаведената локација, при што П.М. ги покажал парцелите каде има насадено канабис и тоа на парцела означена со „Х1“ биле пронајдени 791 насад со висина од 5 см до 60 см, на парцела со ознака „Х2“ биле пронајдени 780 насади повторно со иста висина од 5 см до 60 см, како и пластично црево за наводнување и на последната парцела биле пронајдени уште 14 насади. Освен на предметните парцели при претрес во помошне објект (штала) биле пронајдени уште 312 растенија.

По одземањето на насадите и растенијата со потврда за привремено одземени предмети извршено е вештачење при што е констатирано дека насадите во вкупен број од 1897 се млади растенија кои припаѓаат на растителниот род Канабис Сатива и содржат психоактивни супстанции забранети за производство и промет во Република Македонија. Истото е констатирано и за семенскиот материјал во вкупна тежина од 1980,6 грама.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1