Нашла прстен стар 1500 години – доби награда


Една Швеѓанка во Фалшепинг нашла прстен од петиот век. Случајниот историски пронајдок и донесе среќа, и можеби неочекуван убав подарок пред божиќните празници, така што ќе добие награда од 11.000 шведски круни (околу 1.230 евра) од шведскиот Државен завод за антиквитети, јави дописникот на МИА од Гетеборг, пренесува МИА

22112013121048_star prstenЖената го нашла прстенот летово, кога видела нешто што светкало на работ на една изорана нива во моментот кога одела кај сосетката да позајми неколку јајца.

Се покажало дека прстенот бил стар околу 1.500 години.

Швеѓанката добила совет да се обрати до Музејот на Западен Готаланд. Археолози потоа го испитувале местото каде што бил најден прстенот, но не успеале да најдат уште некој предмет со археолошка вредност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1