Нигериската полиција спасила 17 бремени тинејџерки и 11 бебиња од криминалната „фабрика за бебиња“ во југоисточната држава Имо, а се трага по жената за која постои сомневање дека планирала да ги продаде.
Тинејџерките на полицајците им рекле дека сите забремениле од еден 23-годишник кој бил уапсен. Не им било дозволено да ја напушта куќата, а храна добивале еднаш дневно, јавува Би-Би-Си.
На југо-истокот на Нигерија веќе се откриени слични случаи за „фабрика за бебиња“. Според податоците на ЕУ, Нигерија заедно со Кина се еден од најголемите извори на трговија со луѓе во Европа, каде државјаните на оваа земја често се присилувани на проституција.
Од Националната агенција за забрана на трговија со луѓе изјавиле дека новороденчињата од Нигерија биле продавани за 4200 евра. Сиромашните немажени жени, доколку забремененат, општеството ги отфрла. Па често се случува тинејџерките кои непланирно затруднуваат, по пораѓај бебињата ги оставаат на клиника каде се продаваат или посвојуваат.