Нашле златни монети во потонат брод вредни 4,5 милиони долари


Ловци на богатство во близина на брегот на Флорида пронашле златни монети вредни 4.5 милиони долари на шпански брод кој потонал за време на ураган во 18 век.

Десет галии кои оделе од Хавана кон Шпанија потонале во близина на источниот брег на Флорида, недалеку од Веро Бич во бура во 1715 година. Бродовите и нивниот товар биле расфрлани по морското дно, пренесува Франс пресmoneti1

„Повеќе од 350 златни монети вклучувајќи и девет ројали се пронајдени на 30 и 31 јули. Ова неверојатно откритие се случи на 300-годишнината од несреќата“, навел шефот на експедицијата Брент Брисбејн на Фејсбук.

Ова е второ големо откритие на ловците на богатство во изминатите неколку месеци. Во јуни, тие пронашле околу 50 монети вредни милион долари. Најновите монети кои се пронајдени се исклучително ретки и секоја од нив е вредна околу 300.000 долари, тврди Брисбејн.

„Овие монети се совршени примероци на парите од тоа време и се направени по кралска нарачка“, објаснува тој и додава дека неговиот тим работи „многу блиску до брегот“.

„Овие остатоци ураганот ги турнал на надворешниот раб од гребенот, каде што ги уништиле брановите, така што делови од бродовите пловеле со милји во секој правец и некои завршиле на брегот“, вели Брисбејн.

Според американскиот закон, државата Флорида добива 20% од богатството пронајдено на нејзините брегови.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1