Наскоро авиолинија – Канада-Македонија?


Македонската дијаспора наскоро ќе има можност да се поврзе со татковината со интерконтинентална авиоврска на релацијата Канада – САД – Македонија, и обратно, пишува весникот Нова Македонија.

aerodrom ohridИмено, како што најавуваат од Агенцијата за цивилно воздухопловство, токму на воспоставувањето ваква редовна авиолинија се работи од почетокот на годинава и се очекува таа да биде реализирана до летните одмори. За таа цел македонските воздухопловни власти вршат интензивни контакти и разговори со нивните колеги од овие држави, при што се работи на подготовка на правните рамки за еден таков проект, а истовремено се врши и промоција на македонските инфраструктурни (аеродромски) капацитети пред потенцијални нискотарифни и други авиокомпании.

– Моментно работиме и на потпишување спогодба со Канада, при што концептот што сакаме да го реализираме и на кој работиме е овие земји да се поврзат директно со Република Македонија. Притоа, во оптек се неколку комбинации, како што е, на пример, линијата Канада-САД- Македонија, и обратно, за која, со оглед дека капацитетот и потенцијалот на пазарот за една линија што би била цела година со ист интензитет не постои, се работи барем да бидат покриени оние пикови во летниот и во зимскиот период, кога нашата дијаспора, за која ова е наједноставно и најекономично авиоповрзување, има потреба да дојде во татковината, вели директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство – Дејан Мојсовски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1