Крај на една ера: Бекам во солзи ја заврши кариерата (видео)


Соиграчите го прегрнуваа, а солзите не можеше да ги запре. Доби овации на “Паркот на принцовите“, а потоа и голема “татковска“ прегратка од Анчелоти. Дејвид Бекам и официјално ја заврши фудбалската кариера.

bekam1

Дејвид Бекам заврши една голема фудбалска кариера. Во 81-та мин. четвртиот судија го подигна знаменцето за извршување замена со бројот 32, тоа значеше дека после 20 години оди во заслужена пензија. Бекам беше заменет од Лавеци.

Во богатата кариера ја освои Лигата на шампионите со Манчестер Јунајтед во 1999-та година, а потоа и титулата во првенството со клубот од Олд Трафорд, настапуваше за Реал Мадрид, Милан и Лос Анџелес Галакси.

Во 719 клупски настапи постигна 129 гола. За Англија имаше 115 настапи и реализираше 17 гола.

Дејвид Бекам сигурно ќе остане запаметен во светската фудбалска историја, светот му се заблагодарува за се што стори во фудбалот, со неговите одлични игри, придонеси…Секоја чест за Дејвид Бекам…

Спорт Арена

bekam2

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1