Наследници на Караѓорѓевиќ бараат од Србија да им врати и рудник за злато


Кралската фамилија Караѓорѓевиќ во барањето за реституција, покрај Белиот и Кралскиот двор на Дедиње, и имот на најлуксузни локации во Белград, бараат од државата да им врати и рудник за злато, објавува весникот Курир.

Според весникот, барањето на десетина наследници на кралот Александар содржи повеќе од 70 ставки, а вредноста на тој имот е „баснословна“.Karadjordjevic

– Списокот е долг како роман. Нема што нема во него – шуми, овоштарници, ливади, недвижен имот….Она што најмногу привлече внимание е рудник за злато во општината Неготин. Со него е и лабораторија за преработка на златна руда, вели извор за весникот кој додава дека кралското семејство своевремено, го добила тој рудник на користење од државата и не биле сопственици.

Агенцијата за реституција ќе расправа дури следната година за враќање на имотот на наследниците на Караѓоргевиќ и оти ќе бараат поместување на рокот за финансиско обештетување од 2017 на 2020 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1