Наследниците на американскиот музичар Принс поднесоа тужба против болница во Илиноис и против синџирот аптеки „Волгринс“.
Тие тврдат дека овие здравствени институции можеле да ја спречат смртта на музичарот, доколку поставеле точна дијагноза и го лекувале неговото предозирање неколку дена пред да почине.
Според тужбата, лекарот и болничкиот аптекар не го испитале детално случајот, ниту пак се осигурале дека музичарот ќе ги добие соодветните совети.
Наследниците тужат и двајца аптекари кои неправилно му издавале лек на Принс.
Принс (57) беше пронајден мртов во неговиот дом на 21 април 2016 година.
Официјално причина за неговата смрт е предозирање со фентанил, кој е 50 пати посилен од хероинот.
Смртта на музичарот ја шокираше светската јавност, бидејќи тој одржуваше имиџ на чист и вегетарјански начин на живот.