Лорен Винје е мајка која од моментот на раѓањето на својата ќерка единствено сакала да ја види нејзината насмевка. Кога желбата ѝ се остварила, тој момент бил толку прекрасен, па оваа мајка го направила незаборавен за сите нас.
Лорен се породила пред време. Нејзиното бебе при раѓањето имало само 1 килограм и 700 грама.
Во такви ситуации, новороденчињата се ставаат во инкубатори за да продолжи нивниот нормален развој. За тоа време, на родителите не им преостанува ништо друго, туку да веруваат дека органите на бебето ќе се развијат нормално и дека нивното здравје ќе биде во ред, пишува Daily Mail.
Само пет дена по раното раѓање, бебето решило да ѝ покаже на својата мајка дека никогаш во животот нема да се предаде и дека сака да живее.
Бебето се насмеало и тоа многу убедливо, а мама сето тоа го забележала со камера и го споделила на Фејсбук.
Оваа фотографија веднаш станала хит на интернет.