Наставник 4 месеци злоставувал ученичка: „Ќе завршиш како Тијана“ (ФОТО)


Небојша Гајиќ од Нова Пазова е уапсен поради обид за силување на 17-годишна девојка, на која и држел приватни часови по математика во неговата куќа.

Гајиќ на девојчето му се заканувал дека ќе заврши како малата Тијана Јуриќ, покажувајќи и видео снимка на која сексуално напаѓа 13-годишно девојче.

– Девојчето на 22.октомври дојде со нејзината мајка во полициската станица во Нова Пазова каде раскажаa се` што Гајиќ и рекол додека била на часови кај него. Веднаш беше покрената истрага и тој е приведев во Сремска Митровица каде му е одреден притвор од еден месец. Полицијата ја продолжува истрагата под сомневање дека постојат и други жртви на Гајиќ,  изјавиле од полицијата за српски Блиц.pedofil500

Злоставувањето на девојчето започнало уште во месец мај, кога Гајиќ започнал да ја допира по интимните делови и ја натерал да го допира по неговиот полов орган. Ја убедувал дека и други девојчиња уживале со него, па ја принудувал да и ја одземе невиноста велејќи и дека никој нема да биде толку внимателен како него.

Тој и покажал и видео снимики од други девојчиња на кои се гледа како тој ги допира. Гајиќ поставил видео камери во неговата куќа и така им се заканувал на другите негови жртви дека ќе ги пушти видеата на интернет, ако кажат нешто на некого.

Гајиќ, кој не работи како професор во училиште, туку е вработен во „Железници“, на почетокот ја допирал ученичката по градите и телото, а како што поминувало времето, неговите „болни потреби“станале се поголеми.

-Ја присилувал да се соблече и го триел половиот орган од нејзиното тело. Ја присилувал да го допира по половиот орган и ја допирал по нејзините гениталии.

Несреќната девојка по повеќемесечното злоставување им се пожалила на роднините, кои ја посоветувале да оди на психолог.

По сослушувањето на Гајиќ му е одредена мерка притвор во времетраење од триесет дена. Таткото на злоставуваната девојка вели дека е шокиран од сознанието дека неговата ќерка минувала низ пекол.

– Небојша три и пол години и држеше приватни часови по математика на мојата ќерка. И сопругата и јас го запознавме. Изгледаше грижливо и посветено кон работата. Никогаш не би помислил дека би можел да му стори такво нешто на моето дете, вели таткото на малолетничката.

-Ја убедувал дека тој е вистинскиот човек за неа, бидејќи некој друг маж само ќе ја искористи и ќе ја остави.Мојата ќерка не смеела да ми каже што се случува бидејќи се плашела дека ќе отидам кај него и ќе го убијам, вели тој.

Осомничениот Гајиќ е оженет и има дете. Тој со детето живее во Нова Пазова, а жена му во странство. Многу деца имаат доаѓано кај него, тој секогаш ги собирал. Се плашам дека има уште негови жртви, кој знае што се правел години наназад, вели таткото.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1