Наставници откриле дека 13 год девојче е пред породување – мајката мислела дека се здебелила


Центарот за социјални работи од Зајечар презема грижа за 13-годишна ученичка која е во седмиот месец од бременоста.

trudna devojkaКако што пренесува српски Блиц, од училиштето велат дека девојчето веќе два месеци делувало загрижено, но мислеле дека како и секоја друга тинејџерка во пубертет има некој вообичаен проблем.

– Делуваше загрижено. Вешто го криеше стомакот со широка гардероба, па никој не ја забележа дека е здебелена. Откако дознавме веднаш ги повикавме надлежните, велат за порталот од училиштето.

Инаку, девојчето живее со мајка која е невработена, поради што сега ќе биде сместено во згрижувачко семејство кое ќе се грижи за неа. Мајката вели не забележала дека е бремена, мислела дека само малку се здебелила. Девојчето не сакала да го открие името на таткото на детето, но според нејзините кажувања социјалните работници заклучиле дека не била присилена на сексуален однос.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1