Оваа Македонска црква крие мошти од светец – кој е Св Александар?


Над селото Белица (кичевско), во кругот на гробиштата постои мало црквиче посветено на Свети Александар. Селаните го слават на 26 мај, тоа е селски празник, Александрија. Славата е единствена. Не е познато дека се празнува и на друго место. Арно ама и црквичето Свети Александар. Не постои друга црква посветена на овој светец.

Кој е Свети Александар?

Во прологот на МПЦ пишува:

sv-aleksandar-1Свети Александар. Словенин. Осумнаесетгодишен војник во војската на царот Максимијан. Одрече да ја изврши царевата наредба за чествување на римските идоли, заради што му беше предаден на капетанот Тиверијан: или да го посоветува да се откаже од Христа или да го мачи и да го погуби. Бидејќи сите совети му беа залудни, Тиверијан го зеде со себе, го поведе низ Македонија кон Цариград, каде што и самиот мораше службено да оди. Во секое место низ коешто ќе поминеа Александар беше луто мачен, но секаде излегуваа пред него христијаните молејќи го за благослов и храбрејќи го во подвигот. По него одеше и неговата мајка Пименија. Во текот на патувањето на Александар повеќепати му се јавуваше ангел Господов, блажејќи му ги маките и храбрејќи го. На едно место наречено Карасура, маченикот со молитвата кон Бога направи чудо; имено, кога жедта му здодеа и нему и на војниците што го придружуваа, тој изведе студена вода на суво место.

На брегот на реката Ергина Тиверијан му нареди на џелатот да го заколе Александар и да му го фрли телото во водата. А џелатот, кога замавна над главата на маченикот, виде наоколу светли Божји ангели и се уплаши, а раката му премале. Александар го запраша зошто му премале раката и тој рече дека гледа некои светли момчиња околу него. Желен да умре и да се соедини со Господ, Александар Му се помоли на Бога да отстапат ангелите за да не се плаши џелатот. И така џелатот ја заврши својата работа, во 289 година. Пименија го извади од реката телото на нејзиниот син и чесно го погреба. На гробот на маченикот стануваа многу исцеленија. Откако умре тој и` се јави на мајка му и и` навести дека и таа набрзо ќе замине во другиот свет.

kicevoСо оглед што Св. Александар бил од Македонија, а пострадал во 289 година откаде точно потекнувал. 23 години после неговата смрт, Светиот Цар Константин Велики со Миланскиот едикт го озаконува Христијанството како државна религија (313 година) со што завршуваат прогоните на Христијаните. Бидејќи сеќавањата за Маченикот биле свежи, народот можно е да му го подигнал храм. Ранохристијанските храмови се правеле над гробовите на светците. Таков е примерот со Тивериополските маченици во Струмица. Ова црквиче токму лежи врз постара и поголема црква. Во еден дел од црквичето има камен со латински натпис. Тоа е уште еден аргумент кој упатува на староста на постарата црква. Дали ова мало црквиче под себе ги крие моштите на Свети Александар кој пострадал заради верата? Многу аргументи логично водат кон тоа.

Што пишува науката за ова место?

Археолошка карта на Македонија, 1996 година:

,,Св. Александрија, средновековна црква и некропола. Според исказите на Васил Штерјоски и Крсте Секулоски, денешната црква била подигната врз темелите на постара црква. Во 1912 година, при расчистувањето на просторот од источната страна на црквата бил откриен гроб во кој имало сребрени монети што биле однесени од српскиот началник“.

Неколку фотографии од самото место: 1) камења од градба кои излегле откако на местото поминал багер, 2) и 3) остатоци од столб и капител 4) делкан бигорлив камет земен од старата црква

kicevo

Сите села во овој регион имаат континуитет од неколку илјади години. Населението е староседелско. Паметат легенди и преданија што ги нема на ниту едно место во Македонија. Во сите села има прастари цркви, гробишта и остатоци од тврдини. За голем дел од нив мештаните имаат сопствена верзија која се темели на кажувања на постарите. Така и за Свети Александар чиј спомен се зачувал и празнува до денешен ден. Останува на науката да ги потврди овие сознанија. Селото Белица веќе поведе иницијатива за заштита и возобновување на храмот врз неговите стари темели.

Македонска Нација

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1