Пејачката Наташа Беквалац е претепана од сопругот Лука Лазукиќ, јавува српски „Блиц“.
Извор на порталот велат дека познатата српска пејачка се наоѓа во Ургентниот центар во Белград.
Наташа и Лука се венчаа кон средината на септември минатата година на интимна церемонија во Ибица. На венчавката присуствуваа неколку роднини и пријатели на парот.
На 28 февруари годинава пејачката ја роди ќерката Катја.
Екипата на „Блиц“ се јавила во домот на родителите на Лука, каде разговарале со неговиот татко Радомир и искоментирал:
-За информацијата дека Лука ја претепал Наташа слушнав од медиумите.Еве и двајцата се овде и пијат кафе.Тоа е се што можам да ви кажам- рекол Радомир, иако Наташа во тој момент се наоѓала на Ургентно.
Од друга страна пак таткото на Наташа, Драгољуб Беквалац, едвај за Блиц кратко искоментирал:
– Ве молам, разберете ме, не можам за тоа сега. Навистина ништо не можам да кажам, рекол Драгољуб.