НАТО на итен состанок поради нападот на Украина


Шефот на НАТО Алијансата ја осуди руската инвазија на Украина која започна ноќва и свика состанокот на сојузниците.

Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, најостро го осуди нападот врз Украина.

-Повторно и покрај нашите постојани предупредувања и незаморни обиди да се ангажираме во дипломатија, Русија го избра патот на агресијата против суверена и независна земја, изјави Столтенберг утринава преку писмена реакција.

За НАТО ова претставува сериозно нарушување на меѓународното право и закана за евроатлантската безбедност.

-Ја повикува Русија да стави веднаш крај на воените дејствија и да го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Столтенберг најави состанок на членките на НАТО во Брисел утрината. Тој ќе започне околу осум часот.

Сојузничките ќе се координираат за одговор на рускиот напад и ќе ја повторат нивната солидарност со украинскиот народ.

-НАТО ќе стори сѐ што треба за да ги заштити и одбрани сојузниците, додаде шефот на НАТО.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1