Натпревар во излежување во Црна Гора – награда 200 евра


Сопствениците на етно селото „Монтенегро„ и оваа година ќе организира натпревар во одморање, кој ќе се одржи на 30 август

20082013213939_lezenjeОвогодинешното натпреварување се води под слоганот „Има леб без мотика„ а сите заинтересирани можат да се пријават во етно селото. На победникот ќе му биде врачена награда во вид на медал со слоганот на натпреварот, како и износ од 200 евра.

-Правилата се јасни. На натпреварувачот му е дозволено да пие вода и да зема храна, но не и да станува од своето место, без разлика на причината, макар тоа и да се физиолошки потреби. Победник е оној кој најдолго ќе издржи да одмара во ладовина- вели сопственикот на етно селото, Микон Благоевиќ и додаде дека за натпреварувачите кои ќе дојдат од странство, обезбедено е сместување по пристапни цени.

-Ги повикуваме сите политичари, доктори и останати натпреварувачи да дојдат и да освојат пари без мака- порача Благојевиќ.

Дека не е лесно да се освои награда докажаа и минатогодишните победници, затоа што четворицата по повеќе од 24 часа лежење, одлучија да ја поделат наградата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1