Нацртајте снегулки на прозорците со обичен сапун


Како да нацртате цртежи на стакло, а после завршувањето на празничниот период, истите лесно да ги избришете? Нема потреба повеќе да купувате скапи бои и спрејови. Одговорот лежи во обичниот сапун кој се крие во вашата бања. Со оваа фантастична идеја, буквално секој повеќе или помалку талентиран човек може да ја внесе снежната празнична магија однадвор, кон внатрешноста на домот.

1-Nacrtajte-snegulki-na-prozorcite-so-obichen-sapun-www.kafepauza.mk_

  • Земете обичен кремаст сапун и со помош на остар кујнски нож, изделкајте го за да го зашилите како кредичка со којашто ќе можете да цртате по стаклото.
  • Доколку имате талент за цртање, можете веднаш да почнете со работа, а ако сте послаби со цртањето, залепете некаква мостра од другата страна на прозорецот, која ќе ја прецртате на внатрешната страна.
  • Занимливите цртежи на стаклото ќе му дадат вистинска зимска атмосфера на вашиот дом, а пријатниот мирис од сапунот, ќе му даде нова нота свежина.

Кафепауза.мк

2-Nacrtajte-snegulki-na-prozorcite-so-obichen-sapun-www.kafepauza.mk_

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1