Контроверзниот истражувач на грипот го модифицирал вирусот што е одговорен за пандемијата во 2009 за да го направи отпорен на антителата во човековиот имунолошки систем.
Контроверзниот научник Јишихиро Каваока од Универзитетот Висконсин-Медисон намерно генетски манипулирал со вирусот H1N1 од 2009-тата година, и создал грип кој во целост може да го заобиколи човековиот имунолошки систем и на тој начин да го остави човештвото без одбрана во случај тој вирус случајно да излезе од лабораторија.
Каваока тврди дека имал за цел да провери дали може вирусот H1N1 да се врати во пред-пандемска состојба, за да може да се следат генетските промени кои се случиле. Научниците кои се запознаени со тоа студија се преплашени од можните последици.
“Тој го земал пандемскиот вирус од 2009-тата година и одбрал соеви кои антителата во човековиот имунолошки систем не можат да ги неутрализираат. Тоа го повторил неколку пати, се додека не добил најсилен вид од тој вирус. Тоа што го правел претходно е опасно, но ова е уште полудо”, истакнал еден научник.