Научници направија бензин од воздух


Група инженери од една мала технолошка фирма во северна Англија „Ер Фјуел Синтезис“, произведоа нафта, користејќи само „заробен воздух,, а за да ја направат освен воздух користеле само уште струја.


Инжeнерите од компанијата објаснуваат дека јаглерод диоксидот собран од атмосферата се меша со натриум хлорид, а сето тоа заедно минува низ процес на електролиза, што потоа натаму технолошки се разработува.

Сепак за 3 месеци работа успеале да произведат само 5 литра ваква нафта.

Нафтата добиена од заробен воздух, што потоа треба да се допреработи во бензин ги има истите својства како и „вистинската“ нафта.


Целиот проект, што бил развиван во изминатите две години, вреди околу 1,1 милиони фунти. Според енергетски експерти ова е „револуционерен чекор“ кои треба да се доусовршува и во иднина.

Но засега големите нафтени компании не покажуваат интерес за овој проект. Според нив тие имат потреби од големи количини, а за оваа нафта е потребно засега премногу време за многу мала количина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1