Научници откриле ген кој е „виновник“ за срцевиот удар


Истражувачи од САД открија ген кој предизвикува срцев удар кај луѓето. Научници од Универзитетот Дјук во САД ја откриле генетската мутација која предизвикува проблеми со крвотокот, па дури и прерана смрт. 

srcev-udar infarktСпоред нив, таа генетска промена предизвикува висок крвен притисок, високо ниво на холестерол, дијабетес, што на крајот може да доведе до смртен исход.

Токму поради овој ген членови на одредени семејства умираат многу порано, покажале резултатите од истражувањето кое траело седум години.

„Пронајдената генетска грешка е многу ретка и можеби нема да доведе до објаснување за тоа како настануваат другите срцеви заболувања, но разбирањето на нејзината молекуларна природа ни нуди многу значајни информации. Истражувачите би можеле да ги применат овие сознанија при работата на некои следни проекти за тоа зошто и како се менува метаболизмот и како тие промени доведуваат до одредена болест“ – соопшти тимот.

filipvtori-final-baner1
baner za web STRUMICA BITOLA

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1