Скоро никој не е роден во хороскопскиот знак во кој мисли дека е роден, затоа што асртолошкиот календар не е прикладен со позицијата на ѕвездите кои се менуваат. Сите соѕвездија “побегнале” за скоро цел месец. Откако хороскопот првиот пат бил направен, пред 2 илјади години, ефектите на Земјата предизвикани од гравитацијата на Месечината предизвикале промени на положбата на ѕвездите од наша перспектива.
-Пример, ако сте родени кон крајот на јануари вие мислите дека сте водолија. Меѓутоа сепак сте јарец, изјавила Радмила Топаловиќ, астроном на Кралевската опсерваторија во Гринич.