Досега околу 40% пациенти во целиот свет, користат иновативна терапија која делува на трауматичните спомени и кои истите ги прифаќа, а на кои од 2007 година се работи во лабораториите за трауматичен стрес во Тулуз.
Се работи за антимигренозен „пропанолол“ кој се користи кај пациентите во Тулуз, Монтреал и Бостон.
Се зема орално на секој час и половина пред реактивирање на трауматските спомени, а може и да го намали емоционалниот товар на оваа меморија.
Канадскиот професор Алан Брин, е првиот кој го тестирал ова соединение во 2000 година во Монтреал, на луѓе кои страдаат од хронични пострауматски симптоми по агресија или несреќа на патиштата.
Во периодот од 2006 до 2007 година, Брин пристигнал во Тулуз за да ги сподели со останатите научници заклучоците до кои дошол, односно при една сесија на терапија на „propanolol“, да ја намали пихолошката реактивност на сеќавањето (потењето, срцевата активност…)
Субвенциите за Министерството за здраство, добиени пред три години, ќе овозможат проширување на тестирањето во Франција и на ефектот на оваа дрога во споредба со планцебо (лажниот лек)