Научниците се на прагот да откриат загатка стара 5000 години


Британски експерти за древна писменост објавиле дека се на чекор да го откријат најстарото недешифрирано писмо на светот, познато како протоеламитско, старо преку 5000 години.

„Мислам дека сме на прагот да откриеме за што станува збор“, вели ЏејкоДал, професор на Оксфорд, раководител на Факултетот за ориентални студии.
Овој оптимизам се темели на високотехнолошки уреди, кои глинените плочи ги снимаат од различни агли, по што се создава единствена слика. Оваа технологија овозможува најдетални високо-квалитетни фотографии на врежаните симболи.

„Квалитетот на фотографиите е неверојатен. Веќе 10 години го дешифрирам овој систем, а со оваа нова технологија мислам дека конечно ќе успееме во тоа“, дополнил Џејкоб.
Протоеламитските знаковен систем е користен во краток период, помеѓу 3200 и 2900 година п.н.е. во раната бронзена доба на подрачјето на денешниот јужен Иран.

Протоеламитскиот период започнал во моментот кога градот Суза (подоцна престолнината Елам) преминала под влијание на културата со Иранската висорамнина. Суза е еден од најстарите градови во светот. Најстарата градба во оваа урбана средина датира од 4000 година п.н.е. додека руралните остатоци се многу постари.
Еламатскиот јазик исчезнал со текот на времето, иако тој бил еден од официјалните јазици на Персиската империја. Се споменуваат записи на Дариј во Бехистан и тријазичните натписи на Персеполис.

Протоеламитското писмо се користел во еден многу поширок регион. Најзначајните колекции од овие записи се чуваат во Лувр. Сите претходни обиди за нивно декодирање биле неуспешни.
Џозеф Дал од Оксфорд досега декодирал околу 1200 посебни симболи. Најголемата пречка е комплексноста на знаковниот систем. Голем број на симболи претставуваат загатка, а уште не се дешифрирани ниту основните зборови како „крава“ и „стока“.

Дал напоменува дека записите тешко се дешифрираат и поради тоа што изворните текстови се полни со грешки, што дополнително го отежнува обликувањето на конзистентните модели.
Тој смета дека не биле воспоставени правила, поради што не може да се очекува ниту точноста на пишаното. Протоеламитските знаковни системи со време станале толку изместени што по само триста години, целосно биле исчезнати (околу 2900 година п.н.е.).

Дал објаснува дека пораките на глинените плочи се однесуваат на приходите и на сопствеништвото на земјата. Станува збор за земјоделска заедница која има свои владетели, под кои пак доаѓала средната класа, додека на дното на социјалната скала се наоѓале работници кои биле брутално третирани.
Владетелите носеле наслови, кои јасно ги одразувале нивните статуси. На пример називот „господар на стотици“, значело човек кој под негова контрола држел стотина луѓе.

Главниот прехранбен производ на оваа цивилизација бил јачменот. Од него се подготвувале еден вид на каши, а како пијалок имале пиво од јачмен. Потчинетите работници добивале храна доволно за да преживеат, додека богатите друштвени слоеви уживале во јогуртот, сирењето и медот.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1