Француските научниците објавила дека создале препарат способен за 90 отсто да го намали ризикот од инфекција со ХИВ, а земањето на ова лекарство ора да биде непосредно во време на сексуалниот однос, пишува весникот The Independent.
Препаратот бил тестиран на луѓе од ризичните групи. Пронајдокот веќе го нарекуваат „најголемиот напредок во борбата со инфекцијата со ХИВ вирусот“, а самите научници велат дека им пошло од рака да постигнат „значително намалување“ на ризикот од заразување.
Од своја страна, фондациите за борба против СИДА-та веќе побараа универзално да се применува принципот „профилакса пред контактот“(pre-exposure prophylaxis – PrEP), истакнувајќи дека тој ја докажал својата ефикасност во САД. Доколку таквите апчиња се употребуваат секојдневно, тоа може значително да ги намали трошоците за здравствената заштита во сферата на превенцијата на вирусот на имунолошкиот недостиг.
Портпаролот на Американската фондација за СИДА, Јусеф Азад, изјавил дека „резултатите од испитувањата на препаратот покажале очигледна ефикасност при PrEP“.
Се смета дека вкупно во светот има 34 милиони луѓе кои се носители на ХИВ вирусот. Најголемиот број од инфицираните се во Етиопија, Нигерија, Замбија, Јужноафриканската Република и Зимбабве. Потоа следуваат земјите во Латинска Америка, па оние од Централна и од Јужна Азија