Научниците веруваат дека во иднина глувците би можеле да еволуираат и да пораснат колку овца, за да ги пополнат празните места во животинскиот свет кои ќе се создадат со изумирањето на одредени видови
-Животните во текот на времето ќе еволуираат во форма која ќе им овозможи преживување. На пример, кога диносаурусите живееле, постоеле цицачи но биле многу мали, со големина на глувци затоа што диносаурусите заземале високо место во животинскиот свет. Кога изумреле диносаурусите, овие мали животни можеле да еволуираат во поголеми животни- рече геологот д-р Јан Заласиевиќ од Универзитетот во Лестер.
-Со времето, глувците би можеле да достигнат и до 80 килограми, а ако има повеќе простор би можеле да станат уште поголеми- додава тој.
Гигантизмот е добро познат еволутивен одговор кој се случува кога мало суштество ќе наиде на испразнето место во екосистемот. Така пред 50 милиони години, предокот на синиот кит, бил со големина на волк.