Жените можат да го подобрат квалитетот на потомците така што ќе се состануваат со повеќе партнери, тврдат истражувачите.
Експерти од четири универзитети го истражиле однесувањето на претците на домашното пиле и откриле дека парењето со различни мажјаци им помага на женките да продуцираат потомци кои се поотпорни на болести.
Ова откритие може да се примени и на други живот, но и на луѓето, тврдат тие.
– Нашите истражувања покажаа дека женките не мораат да бираат меѓу мажјаци за да продуцираат најздрави потомци, парењето со повеќе мажјаци овозможува внатрешниот механизам да избере најквалитетна сперма. Ова може да биде случај со други животни и луѓе, но изведувањето на практични тестови би било тешко и невозможно кај луѓето заради етички причини, рече професорот Дејвид Ричардсон од Универзитетот Ист Англиа.
Истражувачите проучувале потомци користејќи методи на природно и вештачко парење. Со внатрешната селекција која ја врши женскиот репродуктивен тракт се бираат мажјаци кои најчесто се генетски различни. Со зголемувањето на разноликоста на некои гени кои помагаат во откривањето и борбата против инфекции, птиците од женски пол можат да продуцираат потомци со подобра отпорност на болести.
Научниците тврдат и дека знаците како што е мирисот на мажјакот можат да влијаат на тоа женката да избере најдобар татко за својот потомок.
Овие резултати би можеле да бидат важни за одгледувачите на животни и проекти за нивна заштита, затоа што покажува дека парењето со повеќе партнери ќе продуцираат најотпорни и генетски најздрви потомци.