И покрај тоа што го намалува стресот и позитивно влијае на изгледот на кожата, редовениот сексуален однос го намалува ризикот и од срцев удар, ги зајакнуваа мускулите, ја зголемува циркулацијата и создава чувство на среќа
Што почесто толку подобро!
Жената поминува со часови пред огледалото и троши огромни суми на пари за бројни козметички производи, како би изгледала поубаво и помлада. Сепак, ваквата младост и убавина се должи на креветот. Еве што кажуваат во врска како сексот делува на нашето тело…
Природна шминка
Сексот е како „природна шминка“, која трае со саати. По него, усните добиваат црвен сјај, а кожата едноставно цвета. Имено сексуалното возбудување предизвикува подобар проток на крвта низ организмот, што резултира со румен изглед и сјајна кожа, а овој ефект може да трае и по неколку часа.
Бришење на брчките
Освен излагањето на сонцето, главната причина за брчките се и артериите. Појачаниот крвен притисок, кој, помеѓу останатото, го предизвикува и сексот, ја храни кожата со кислород и хранливи материи, со што ја спречува појавата на порите.
Сексот како вежба
Сексот е одлична кардиовежба. Научно гледано во прашање е физичка активност која ги има во целост истите ефекти како и при играњето на зумба, а што повеќе вежбате, ефектот е повеќе забележителен.
Убава коса
Сексот допринесува и за здрава коса. Во секое влакно има некој крвен сад и протокот на крвта е еден од најважните фактори на надворешното и внатрешно здравје. Ова значи дека зголемениот проток на крв, носи повеќе хранливи материи на косата.
Секс во движење
Општо познато е дека самопочитувањето е една од најсексипилните работи кои жената може да ги има, а добриот секс на секоја дама и дава додатна доза на самопочит. По уживањето во сексот, таа се движи поженствено, чекорите и се сензуални, главата ја држи исправено горе, колковите ги ниша повозбудливо, а воглавно тоа е она што ги возбудува мажите.
Фонтана на младоста!
Ако жената има редовен секс, многу лесно може да изгледа две до осум години помлада, тврдат експертите и додаваат дека сексот го намалува ризикот од заболување на срцето, ракот и заболувањето како што е депресијата или промената на расположението. Повеќе секс значи и помалку шанси да се настине, да се фати грип или некоја инфекција.
Важен е и во менопаузата
Жените во менопаузата губат естроген, женски хормон кој е клучен за уживање во сексот. Единствен начин да го спречат неговиот губиток е водење на љубов најмалку еднаш неделно.
Поголеми гради
За време на сексот облините се повеќе доаѓаат до израз, особено градите, кои се зголемуваат дури за 25 %.