Наум сакал да го почасти Петар Нечовски – му го вратил вискито


Наум  ми прати цело шише виски, јас по келнерот му го вратив. Зошто? Затоа што не пијам виски, не пијам алкохол и зошто да го трошам човекот?

На секој фестивал интересни се ѕвездите кои доаѓаат, уште поинтересни случките кои се случуваат таму. Како на пример охридфестовската случка со Петар Нечовски, и победникот Наум Петревски. Што се случило меѓу двајцата колеги, од прва рака ни откри Петар.

– На „Охрид фест“ годинава јас имав најтрубадурска песна, а наградата за најтрубадурска песна жирито му ја додели на Наум, кој пееше за Коледе. По која логика? Јас настапив со ансамблот „Билјана јуниор“ и мојата беше најтрубадурска песна. Наум победи, јас бев награден.

По завршување на фолк вечерта седнавме во кафаната „Света Софија“ на различни маси. Наум ми прати цело шише виски, јас по келнерот му го вратив. Зошто? Затоа што не пијам виски, не пијам алкохол и зошто да го трошам човекот? Се напив само колку да наздравам, му честитав за победата со цело срце и душа. Крал е Номче. И нему му лежат песни во кои ќе дојде до израз неговиот седефаст глас. такви авторите да му прават, сугерира Нечовски.

Тој доби и награда на „Охрид фест- охридски трубадури“, висок пласман – трето место, а најмногу од се му легнале 12-ките што и ги добил од претставничката на Радио Охрид и од охридската локална самоуправа.
– Ете, гледате колку ме сакаат охриѓани. За мене тоа е најголемата сатисфакција, моиве да ме сакаат. Со тоа сознание, летам од радост!

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1